Спектакл со среќен крај за Денвер и Јокиќ, ЛА Лејкерс шокирани пред својата публика (Видео)

Плеј-офот на НБА лигата имаше спектакуларен почеток, откако најпрво Индијана убедливо славеше над Милвоки со 117-98, а продолжи со победа после продолжение на Денвер над ЛА Клиперс со 112-110.

Како што би рекле Американците, се играше вистинска европска кошарка, со малку поени и многу промашувања, па после регуларните 48 минути, мечот заврши нерешено, 98-98. Никола Јокиќ со ефект од 29 поени, девет скока и 12 асистенции беше лидер на Денвер, а Харден и покрај тоа што уфрли 32 поени, не успеа да им помогне на ЛА Клиперс да дојдат до позитивен резултат.

Вистински шок доживеаја кошаркарите на ЛА Лејкерс кои убедливо загубија пред својата публика со 95-117. „Езерџиите“ играа само една четвртина, онаа првата, која им припадна со 28-21, а потоа следуваше комплетна доминација на Минесота. Лука Дончиќ со 37 поени беше убедливо најефикасниот кошаркар на паркетот.

На последниот меч од првата НБА плеј-оф вечер, Њујорк ја оправда фаворитската улога и славеше со 123-112 на домашен терен над Детроит.

- Оглас -

Најнови вести