Спектакл во НХЛ-лигата, најдобриот тим загуби во меч на којшто беа постигнати дури 17 гола (Видео)

Спектакуларен натпревар одиграа хокеарите на Минесота вајлд и Ванкувер канукс во НХЛ-лигата на којшто беа постигнати дури 17 гола, а на крајот домаќинот со 10:7 го победи најдобриот тим во лигата.

По првите две третини, Ванкувер имаше предност од 3:5, но во одлучувачкиот период домаќинот направи пресврт. Веќе само по пет минути игра, Минесота постигна пет гола и поведе со 8:5, по што Ванкувер возврати со два гола и намали на 8:7. Сепак, до кајот Бродин и Капризов дадоа два гола за домаќинот и за победа од 10:7.

 

„Гледачите сигурно уживаа и со воодушевување следеа што се случуваше на мразот, но не сум сигурен дека и тренерите беа воодушевени“, изјави Швеѓанецот Ек Ериксон.

Ериксон и Капризов со по три гола и три асистенции беа најдобри кај Минесота.

- Оглас -

Најнови вести