27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Спектакуларен камбек на Лос Анџелес лејкерс, негативата од 25 поени ја стопија за помалку од полчас (Видео)

Лос Анџелес лејкерс приредија ново кошаркарско шоу во НБА-лигата и предводени од Леброн Џејмс анулираа негатива од 25 поени што ја имаа на полувремето против Портланд трејлблејзерс и победија со 121:112.

https://twitter.com/ESPNNBA/status/1617385855089315841?s=20&t=z9IVaFOjjptAXvzSKthpTA

Еден од најголемите пресврти сезонава во НБА го предводеше Кралот Џејмс со 37 поени, а имаше и 11 скока и 4 асистенции.

Извонредна партија одигра и центарот Томас Брајант со 31 поен и 14 скока.

На прагот на уште поголем подвиг беа Мемфис гризлис, но сепак загубија од Феникс санс во драматичен финиш со 112:110.

Мечките губеа со 29 поени разлика, 72:43 во текот на третиот период и за малку ќе приредеа уште поспектакуларен пресврт од Лејкерс.

Во финишот на таа четвртина, Заире Вилијамс постигна фантастична тројка со удар од кош на кош.

https://twitter.com/NBAdoPovo/status/1617356386215632896?s=20&t=qK1pVoBov9vL6rhMGEy-pA

Резултати: Торонто репторс – Њујорк никс 125:116, Денвер нагетс – Оклахома сити тандер 99:101, Феникс санс – Мемфис гризлис 112:110, Голден стејт вориорс – Брукли нетс 116:120, Портланд трејлблејзерс – Лос Анџелес лејкерс 112:121.

- Оглас -

Најнови вести