Спектакуларна ноќ за трипл-дабл во НБА, Јокиќ, Харден и Мареј си играа со бројките (Видео)

Никола Јокиќ продолжи да реди трипл-дабл ефекти, но овојпат без победнички ефект за неговата екипа Денвер нагетс.

Српскиот кошаркар почна поспоро и во првата четвртина имаше само два поени, но успеа да стаса до 26 поени, 12 асистенции и 11 скока во поразот на Денвер нагетс против Мемфис гризлис со 118:122.

https://twitter.com/NBA/status/1484740302703403011?s=20

Извонреден на спротивната страна беше Џа Морант и пак одигра спектакуларен меч, залинет со 38 поени и по шест скока и асистенции.

https://twitter.com/NBA/status/1484730471586181123?s=20

Трипл-дабл ефект имаа и Џејмс Харден и Дејонте Мареј на мечот меѓу Сан Антонио и Бруклин нетс.

Победија Мрежичките од Бруклин со 117:102, а Брадата имаше супер ефект од 37 поени, 11 асистенции и 10 скока.

На спротивната страна за Сан Антонио, Мареј уфрли 25 поени со 12 скока и 1о асистенции.

Ново шоу приреди и Џоел Ембид со 40 поени, по педесетката завчера против Орландо меџик.

Ноќеска центарот на Филаделфија повторно одигра моќно, но 76-те загубија во драматичен меч со 101:102 од Лос Анџелес клиперс.

Резултати:

Шарлот – Оклахома 121:98, Орландо – Л.А. Лејкерс 105:116, Филаделфија – Л.А. Клиперс 101:102, Атланта – Мајами 110:108, Бостон – Портланд 105:109, Милвоки – Чикаго 94:90, Вашингтон – Торонто 105:109, Сан Антонио – Бруклин 102:117, Денвер – Мемфис 118:122, Јута – Детроит 111:101, Голден стејт – Хјустон 105:103.

 

- Оглас -

Најнови вести