Фантастични 45 минути играат екипите на Ливерпул и Њукасл на „Енфилд роуд“ во првиот премиерлигашки меч во новата 2024-та година. Иако после првиот дел нема голови, сепак, лесно можеше да се случи да има неколку.
Најголемата шанса ја имаше Мохамед Салах кој 23-тата минута не успеа да реализира пенал, откако неговиот удар го одбрани гостинскиот голман Дубравка. На одбиената топка од непосредна близина не успеа да реализира ниту Александер-Арнолд.
Претходно, во 18-тата минута ВАР му поништи погодок на Луис Диас, а во 37-мата и на Ден Брн од Њукасл му беше поништен погодок поради истата причина.
Ако се погледне статистиката, Ливерпул доминираше и заслужи да води, со оглед на тоа дека поседот беше во нивна корист од 63% наспроти 37% за Њукасл, додека соодносот на упатени удари беше 18-1.