Спектакуларниот гол што го шокираше италијанскиот првак (Видео)

По 33 одиграни кола во италијанската Серија А, имаме „мртва“ трка за титулата меѓу Интер и Наполи. Двата тима имаат по 71 бодови, откако Нераѕурите загубија на тешкото гостување кај Болоња.

Интер беше на чекор од нерешено. Се играше 90+4 минута, односно последните секунди, кога Болоња го имаше последниот напад, а Рикардо Орсолини постигна спектакуларен погодок, за делириум на трибините и победа на домашната екипа.

Погодокот на Орсолини кој максимално ја вжешти трката за титулата, може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести