Спектакуларно засилување за крај – Американец од Бешикташ ќе игра за МЗТ Скопје

Американскиот кошаркар Тодрик Гочер е последното летно засилување за МЗТ Скопје Аеродром, а станува збор за одличен бек-шутер, кој играше за Бешикташ и доаѓа од редовите на турскиот клуб.

Гочер има 27 години и е висок 193 сантиметри, а лани играше и во престижната Лига на шампиони на ФИБА, каде што имаше просек од 10,8 поени по меч.

Американецот ќе му помогне на МЗТ и со квалитетот што е неспорен, но и со искуството што го има со настапи и во турската лига и во ЛШ.

За Бешикташ на 23 меча во Првата лига на Турција, Гочер имаше просек од 9,4 поени и 4,7 скока, што е малку послабо од просекот што го имаше на 16 меча во Лигата на шампионите.

Пред да пристигне во Европа, играше во НЦАА-лигата за познатиот Универзитет Тексас Тек.

Со него воедно го комплетираме составот со кој ќе ја почнеме новата сезона, и тоа со седуммина македонски репрезентативци и четворица интернационалци.

Гочер е третиот Американец на кој тренерот Ѓорѓи Кочов ќе смета во новата сезона, заедно со Феми Олуџоби и Хасани Гравет, а покрај нив во ростерот е и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ.

Капитенот Дамјан Стојановски ќе ја предводи македонската седморка во тимот, а покрај него во составот на аеродромци се и Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Кристијан Николов, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

- Оглас -

Најнови вести