Специјал на Sport Life: Мбапе ќе биде ѕвезда на дербито, но квотите за Гакпо да блесне се фантастични

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите за денешното дерби во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година меѓу Франција и Холандија.

Ждрепката сакаше во првото кваликациско коло во групата Б да се сретнат големите фаворити за освојување на првите две места на табелата, а на стадионот „Франција“ сè ќе се врти околу Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ само 24 години ќе дебитира во улогата на капитен на двократниот светски шампион.

Франција на последното СП што се одржа минатата година играше во финалето, каде што загуби од Аргентина во пенал-рулетот, а Мбапе ги постигна трите гола за Галските петли во регуларното време и во продолженијата.

Токму Мбапе е фаворит да го постигне и првиот гол на натпреварот и квотата за таа игра изнесува 4,50, а 2,25 е за да се запише во листата на стрелци. Вториот напаѓач на Галските петли, Оливие Жиру, има квоти од 6.00 да биде прв стрелец на мечот и 2.60 за да постигне гол. Токму Мбапе и Жиру ги постигнаа головите за Франција во последната победа над Холандија од 2:1 во 2018 година.

Според квотите, голови може да се очекуваат и од Рандал Коло Муани, Маркус Тирам и Антоан Гриезман, кои имаат идентични квоти, 7.50 и 3.00.

Најголем адут на Лалињата е Мемфис Депај, кој се запиша во листата на стрелци на последниот меѓусебен натпревар кој се играше пред пет години, во рамките на Лигата на нациите. Тогаш Холандија славеше со 2:0, а Депај го постигна вториот гол.

Квотата за Депај да го отвори резултатот е 8.00, а за да се запише во листата на стрелци е 3.30. Одлични се квотите за Коди Гакпо, кој игра сè подобро во дресот на Ливерпул, да се запише во листата на стрелци. Квотата за Гакпо да го постигне првиот гол на средбата е 8.50, а да ја затресе мрежата во текот на натпреварот е 3.30.

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и времето кога ќе биде постигнат првиот гол, а за оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…

Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…

- Оглас -

Најнови вести