Специјал на Sport Life: Милан и ПСЖ секогаш играат со 0-3 голови на меѓусебните натпревари (Фото)

Натпреварот помеѓу Милан и ПСЖ привлекува најголемо внимание од денешната понуда помеѓу осумте натпревари од Лигата на шампионите. Само две седмици по првиот натпревар, веднаш следува и реваншот во четвртото коло од групната фаза. Првиот дуел го доби ПСЖ со убедливи 3-0 и само ја продолжи традицијата на нивните меѓусебни дуели да бидат со малку голови, односно со не повеќе од три.

Милан и ПСЖ до сега се имаат сретнато вкупно петпати, секогаш во Лигата на шампионите. Првите два дуели во далечната 1995 година ги доби Милан со 2-0 на домашен терен и 0-1 на гостински. Следуваа дуели во 2001 година, тогаш двапати беше нерешено и двапати по 1-1.

Доколку се следи низата, по две победи на Милан и две нерешени средби, сега на ред се две победи на ПСЖ. Светците првата веќе ја остварија пред 15-тина дена со победата од 3-0 на домашен терен и сега им е потребна победа и на „Сан Сиро“ за да ја комплетираат низата.

Квотата за победа на ПСЖ во Sport Life е 2.30, но искомбинирана и со стрелец на мечот може да биде и многу поголема. Килијан Мбапе, најдобриот фудбалер на Светците, го отвори резултатот на првиот меч, а ако повторно погоди и денес, притоа и ПСЖ победи, тогаш квотата ќе биде рамно 3.

Во понудата на Sport Life освен стрелци на прв гол и во текот на мечот, може да комбинирате и победник на мечот и стрелец, почетен удар, прв/последен корнер и број на корнери, картони, замени, аути, фаули … едноставно богата и неверојатна понуда која не смее да ја пропуштите.

- Оглас -

Најнови вести