Специјален сингл на Sport Life: Можат ли Црногорците да изненадат на СП како што направија на ланското ЕП

На вториот ден од Светското првенство во ракомет, еден од највозбудливите натпревари се очекува да биде тој од групата А меѓу Шпанија и Црна Гора, а Sport Life со специјалниот сингл обезбеди многу опции за обложување поврзано со овој натпревар.

Иако Шпанија според квотите е голем фаворит, Црногорците беа најпријанто изненадување на Европското првенство што се играше минатиот јануари и со голем оптимизам го чекаат дуелот со Фуријата. Згора на тоа, мотивите кај Црногорците се поголеми ако се знае дека по пауза од точно една деценија се враќаат на Светските првенства.

Освен стандардните ракометни игри за конечен тип, исход по првото полувреме, полувреме-крај, вкупен број голови, хендикеп, двојна шанса, вкупно голови на секој тим одделно и слично, со Специјалниот сингл може да играте која селекција прва ќе даде гол, од кој тим ќе биде првиот и последниот исклучен ракометар, која репрезентација прва ќе изведе седмерец, кој ќе го има првиот утнат пенал, кој последен ќе шутне од 7 метри, кој последен ќе даде гол, чиј селектор прв ќе побара тајмаут.

Ќе може да се игра и во кое полувреме ќе паднат повеќе голови, колку пенали ќе изведе секој од тимовите и колку седмерци ќе има вкупно на мечот, како и колку минути ќе имаат исклучени играчи двата тима заедно и секој поединечно (хендикеп границата е поставена на 7.50 исклучувања на цел меч).

Во понудата ima и да погодувате кој играч колку голови ќе даде, четворица се од Шпанија и тројца од Црна Гора.

 

- Оглас -

Најнови вести