Специјален сингл на Sport Life: Црвено-белите често први постигнуваат гол на вечното дерби и квотите се одлични такво нешто да се случи и вечерва

Специјалниот сингл во Sport Life денеска е посветен на белградското вечно дерби Црвена ѕвезда – Партизан, кое нуди голем број опции за обложување од оние нестандардни фудбалски игри во редовната понуда.

Може да се обложите кој тим прв или последен ќе изведе корнер, кој тим прв ќе добие жолт картон, прв црвен картон, кој тим прв ќе изведе пенал, кој ќе ја направи првата замена, а тука се и игрите со број на корнери во текот на средбата и во кој интервал од 10 минути ќе се постигне првиот погодок.

Според традицијата, на меѓусебните дуели во последните години доминираат Црвено-белите, кои последниот пораз на стадионот „Рајко Митиќ“ го доживеале во 2019 година, и тоа во рамките на Купот на Србија.

Најчесто натпреварите завршуваат со мал број постигнати голови и најчето Црвена ѕвезда е таа која го отвора резултатот. Последен пат кога биле постигнати повеќе од три гола на вечното дерби било во 2017, кога слевел Партизан со 3:1.

Кај понудата за стрелци, најмали се квотите за Осман Букари и Александар Пешиќ, кој настапуваат за Црвено-белите, како и за Рикардо Гомес и Квинси Мениг, коишто играат за Црно-белите. Квотата за Букари да го постигне првиот гол изнесува 5.00, за Пешиќ е 5.50, додека квотите за играчите на Партизан изнесуваат 6.00 за Гомес и 7.00 за Мениг.
Играчите на Црвена ѕвезда, Букари и Пешиќ се фаворити да го постигнат и првиот гол на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести