Специјални игри за специјален меч: Сити е во улога на фаворит, но Реал седум месеци нема пораз во меч од 90 минути

За многумина фанови, пресметката меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид е финале пред финалето во Лигата на шампионите. Тоа се двата тима кои едноставно имаат заборавено што е тоа пораз. Манчестер сити 27 меча е без пораз (последен пат загуби на 6 декември 2023), додека Реал е во низа дури од 37 меча без пораз во меч со регуларни 90 минути (последен пораз на 24 септември 2023).

Првиот дуел во Мадрид беше фантастичен и заврши 3:3, а сега Сити ја има предноста на домашен терен, па токму затоа Граѓаните ја имаат и фаворитската улога. Во Sport Life има фантастична понуда во Специјалниот сингл. Ерлинг Халанд и Фил Фоден се главни фаворити за стрелец на првиот гол, а тој адут кај Кралевите го имаат Винисиус јуниор и Белингам.

Има одлични комбинации и за тоа кој тим ќе победи, а кој фудбалер ќе постигне гол. Тука е и понудата да се погоди фиксот на мечот во одредени интервали.

Синоќа на дербито меѓу Барселона и ПСЖ имаше црвен картон, и тоа за каталонскиот гигант. Големи се коефициентите да има исклучување и во Манчестер, па тоа е добар предизвик за оние кои очекуваат да има „војна“ на теренот.

Тука се и статистичките игри, па може да се обложите за тоа колку вкупно корнери ќе има во првото полувреме или воопшто удари од аголот во текот на целиот дуел. Може да ги броите и офсајдите, фаулите, ударите кон противничките голови.

- Оглас -

Најнови вести