Специјалниот сега не се шегува – Утре му е најважниот меч како тренер на Тотенхем

Жозе Мурињо сега не се шегува со изјавата дека утре ќе го има најважниот испит како тренер на Тотенхем, а на „Вајт харт лејн“ ќе се игра полуфиналниот меч против Брентфорд во Лига купот на Англија.

Мурињо е менаџер на Спарс од финишот на 2019 година, а вели дека немал поважен меч откако е на кормилото на клубот од Лондон.

„Мислам дека овој меч е најважниот откако сум менаџер на Тотенхем. Клубот нема долг период освоено пехар и од тој аспект победа и пласман во финалето се од големо значење за Тотенхем. Го освоив ова натпреварување во првата сезона во Англија во 2005 година и знам што би значело за мојот сегашен тим, кој нема пехар долг период“, вели Мурињо.

Спарс немаат никаков трофеј од 2008 година, а утре од 20.45 часот во нокаут-меч се фаворити против Брентфорд, екипа што е член на Чемпионшип.

Единствениот второлигаш во полуфиналето за првпат во клупската историја ќе игра во оваа фаза во популарниот Карабао куп, па и за нив е шанса да направат подвиг и да играат за трофејот против Манчестер јунајтед или Манчестер сити, кои ќе ги одмерат силите во второто полуфинале, задутре од 20.45 часот на „Олд Трафорд“.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести