Спировски: Против Летонија ќе докажеме дека сме фаворити

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре во Рига ќе го одигра вториот дуел од овој квалификациски циклус за ЕП 2020. Избраниците на Игор Ангеловски се подготвуваат за повратниот дуел против Летонија, селекција која веќе ја совладавме при првата пресметка која се одигра во Скопје со сигурни 3-1 во март годинава.

Во пресрет на тој меч, играчот за врска Стефан Спировски вели дека Рисовите се фаворити против Летонија и ќе го докажат тоа на теренот.

„На хартија сме фаворити против Летонија и ќе го докажеме тоа на теренот. Сакаме да ги освоиме трите бода, имам верба во нашиот тим дека можеме да го оствариме тоа. Летонците немаа никакви шанси за добар резултат против Австрија, сепак ние ќе се фокусираме на нашата игра. Ќе се обидеме да ги искористиме нивните слабости како и во дуелот во Скопје“, истакна Спировски.

Ремито од 1-1 против Израел покажа дека Македонија може да освојува бодови и надвор од дома, а по пет меча нашиот национален состав има пет бода и стои на петтото место на табелата. Летонија досега ги загуби сите меча, додека нивната негативна серија трае веќе 13 меча без триумф.

Дуелот Летонија – Македонија е закажан за утре во 20:45 часот, а според коефициентите на Sport Life, имаме големи шанси за триумф при квота од 1.70 за „двојка“.

- Оглас -

Најнови вести