Ференцварош со победата од 4-2 над Судува во реванш-мечот од плејофот во Лигата на Европа обезбеди учество во групната фаза во новата сезона. Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски, иако се врати на терените по тешката повреда и играше викендов во унгарското првенство, вечерва не беше во плановите на тренерот Ребров, но сепак ќе ја претставува нашата земја во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Погодоците на Варга, Боли, Нген и Сигневич беа доволни за да се оствари успехот, откако на пресметката во Маријамполе немаше голови.
Вториот македонски фудбалер кој денес бркаше пласман во групите, но не го оствари е Дарко Велковски. Нашиот дефанзивец остана на клупата во ремито на Риека против Гент од 1-1, а Белгијците одат понатаму по триумфот од 2-1 на домашен терен .
Пласмани во групната фаза обезбедија уште Брага, Феенорд и Трабзон, покрај екипите кои го сторија тоа претходно.
Резултати плејоф Лига на Европа:
Спартак Москва 1-2 Брага (Вкупен резултат 1-3, Брага оди понатаму) Хапоел Бер Шева 0-3 Феенорд (Вкупен резултат 0-6, Феенорд оди понатаму)
Трабзонспор 0-2 АЕК (Вкупен резултат 3-3, Трабзон оди понатаму)