По Ѕвезда, и Партизан го повтори успехот на европската сцена

Партизан втора година во низа ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа. По вечерашното реми кај Молде од 1-1, односно вкупен резултат од 3-2 во двомечот, белградските Црно-бели го повторија успехот во второто елитно натпреварување, па исто како и нивниот градски ривал Црвена ѕвезда, пак ќе бидат меѓу европскиот крем.

Норвешкиот состав дојде до предност во 72-рата минута преку  Џејмс, но Милетиќ осум минути подоцна донесе израмнување кое на крајот се покажа како доволно за Партизан. Црно-белите по 11-ти пат во својата историја се пласираа во групите во двете натпреварувања на УЕФА.

Холандскиот вицепрвак ПСВ Ајндховен со убедливи 4-0 славеше против Аполон, а вкупниот резултат од 7-0 им осигури место меѓу екипите кои ќе играат во Лигата на Европа оваа сезона.

Селтик одново го совлада АИК, овојпат среде Стокхолм со конечни 3-1, па шкотскиот првак со вкупен резултат од 5-1 обезбеди пласман во групната фаза.

Резултати плејод Лига на Европа:

Карабах 2-1 Линфилд (Вкупен резултат 4-4, Карабах оди понатаму)

Рига 1-0 Копенхаген (Вкупен резултат 2-3, Копенхаген оди понатаму)

АИК 1-4 Селтик (Вкупен резултат 1-4, Селтик оди понатаму)

Аполон 0-4 ПСВ (Вкупен резултат 0-7, ПСВ оди понатаму)

БАТЕ 2-0 Астана (Вкупен резултат 2-3, Астана оди понатаму)

Молде 1-1 Партизан (Вкупен резултат 2-3, Партизан оди понатаму)

Бнеи Јехуда 0-1 Малме (Вкупен резултат 0-4, Малме оди понатаму)

ПАОК 3-2 Слова Братислава (Вкупен резултат 3-3, Слован оди понатаму)

Зорја 2-2 Еспањол (Вкупен резултат 3-5, Еспањол оди понатаму)

 

 

- Оглас -

Најнови вести