Македонскиот шампион МЗТ Скопје ги задржа минималните шанси за опстанок во АБА лигата откако Борац доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Сплит.
Поранешниот европски шампион го одигра најдобриот натпревар сезонава и со 113:99 го совлада Борац кој во последните две кола со еден триумф ќе си обезбеди опстанок и ќе го испрати МЗТ Скопје во АБА 2 лигата.
За да ги задржи минималните шанси за опстанок, МЗТ Скопје мора да победи на сите три меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, а првиот предизвик му е вечерашниот дуел во СЦ Јане Сандански против Задар.