Уште се води спор за сомнителниот гол на Црвена ѕвезда, се јави и Колина

Четири дена поминаа откако се одигра 158-мото дерби меѓу Партизан – Црвена ѕвезда, мечот кој заврши со конечен исход од 1-1, а на „црвено-белите“ им беше признат сомнителен погодок. Сѐ уште се води спор околу тоа дали беше гол или не барем меѓу љубителите на овие два тима, додека расправијата стигна и до легендарниот арбитер Пјерлуиџи Колина.

И тој го даде своето мислење околу тоа дали беше гол, а според неговата изјава, тој смета дека судијата Данило Грујиќ ја донел исправната одлука.

„На сите снимки кои ги видов јасно се гледа, голманот ја извади топката откако таа помина најмалку половина метар од линијата. Да бев јас судија на тој меч, и јас би покажал кон центарот, односно би го признал голот“, изјави Колина во разговор за италијанското радио „Топ гол“.

Можеби оваа изјава на најдобриот арбитер на сите времиња ќе стави крај на сите дилеми.

https://www.youtube.com/watch?v=nU7dPcSpTNY

- Оглас -

Најнови вести