Sport Life ги објави квотите – Македонија е фаворит против Ерменија

Sport Life ги објави коефициентите за клучниот меч за Македонија против Еременија во Ереван, на патот до посакуваните бараж-дуели за настап на Мундијалот во Катар, и нашата репрезентација е фаворит и квотата за победа е 2.65.

За кец во Ереван, што е непосакуван исход и ќе ни го урне сонот за настап на прво Светскот првенство, е 2.90, додека за нерешен исход, што не им одговара на двете селекции, коефициентот е 3.15.

Мечот ќе се игра на 11 ноември од 18 часот, а и двете репрезентации зависат од резултатите на Романија. Германците веќе се на Мундијалот како најдобра репрезентација од нашата група, а пред почетокот на двете последни кола во Ј групата, Романија е втора со 13 бода, пред Македонија и Ерменија со по 12.

Романците имаат и најлесен распоред во трилингот конкуренти за втората позоција, што гарантира настап во дополнителните бараж-натпревари, и ќе игра со Исланд во Букурешт на 11 ноември и со Лихтенштајн три дена подоцна во Вадуз.

Лошо за Македонија е што и Исланд и Лихтенштајн не се во игра за второто место и речиси сигурно ќе бидат на двете последни места во групата.

Исланд ќе ни биде ривал во последното коло во Скопје на 14 ноември, на меч што ќе има натпреварувачки карактер само ако Романија киксне на еден од двата последни дуели, а ние ја победиме Ерменија во Ереван.

Sport Life подготви богат избор на игри за мечот меѓу Ерменија и Македонија и веќе можете да се обложувате на точно 553 различни комбинации на сите уплатни места на обложувалницата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести