Sport Life и за денес нуди ракометни специјали

Обложувалниците Sport Life  стандардно за секое големо ракометно натпреварување подготвуваат широка лепеза на игри во својата секојдневна специјална понуда, па така е и за Европското првенство кое од денес влегува во втората фаза.

За денес специјалот е наменет за дуелот меѓу Хрватска и еден од домаќините, националниот состав на Австрија, кој се игра во Грац во рамки од групата 1. Коцкестите се фаворити според коефициентот за „кец“ кој е 1.35, во однос на „двојката“ на Австрија со 4.40 квота. Секако, многу поинтересни се комбинациите како прв дава гол, што е во полза на Хрватска со 1.75 квота, или пак двете екипи ќе дадат по 25 или повеќе погодоци (точно 2 квота).

Се бројат и вкупни седмерци, како и исклучувања, а нормално може да се типува и кој ракометар ќе го достигне или надмине својот просек. Билик треба да даде повеќе од шест гола за да биде добитна квотата од 1.87, или пак вардаровиот миленик Лука Циндриќ да реализира шест погодоци за сочен 2.10 коефициент.

Вториот дуел кој може да се типува преку специјалната понуда на Sport Life e  Шпанија – Чешка,комбинациите може да се најдат на веб-страницата или во дополнителните понуди во самите обложувалници. Тој меч е закажан во 16 часот, додека за Хрватска – Австрија можете да ја искористите можноста во широката лепеза на игри за добитен тикет до 18:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести