Спортинг игра против екипа од која нема пораз 21 година, Жирона има шанса да се врати во игра за титулата (Фото)

2836 Бешикташ – Коњаспор (18:00)

Екипата на Бешикташ е голем фаворит во дуелот против Коњаспор. Домашните се четвртопласирани со три поени заостанување од третата позиција, која води во Лигата на Европа, поени кои планираат да ги освојат денес. Коњаспор веќе три години не знае за победа против Бешикташ, а во Истанбул немаат победено дури седум години.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II  (2.40)

 

1543 Мореиренсе – Спортинг Л. (21:15)

Екипата на Спортинг Лисабон е во фантастична серија од седум победи по ред во првенството на Португалија. Спортинг има заостанување од три бода зад лидерот Бенфика, но и два натпревари помалку. Мориеренсе за нив е противник по мерка, со оглед на тоа дека од нив немаат загубено уште од 2003 година, или 24 натпревари во низа.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.15)

 

1310 Атлетик Билбао – Жирона (21:00)

Откако Реал Мадрид направи голем кикс и не успеа да го совлада Рајо Ваљекано, Жирона има голема шанса да се врати во битката за титулата. Малиот клуб од Каталонија патува на мегдан со гордоста на Баскија, Атлетик Билбао. Домашните се фаворити, но Жирона до скоро го имаше најдобриот напад во Ла Лига, односно во моментов вториот најдобар напад со 52 гола на 24 натпревари.

Предлог тип: Т2 2+ (2.75)

 

2530 Ѓургарден – Сковде (18:30)

Екипата на Ѓургарден е голем фаворит во дуелот против Сковде во Купот на Шведска. Првата фаза од ова натпреварување се игра по групи, а овој натпревар за двете екипи ќе биде прв официјален во новата сезона во шведскиот фудбал. Двете екипи никогаш немаат одиграно меѓусебен натпревар, но домашните се големи фаворити во овој натпревар и прашање е само колку гола ќе постигнат во противничката мрежа.

Предлог тип: Т11+I&2+II (3.00)

 

2215 – Вашаш – Печи (20:00)

Во унгарското првенство се очекува екипите на Вашаш и Печи да одиграат дуел со голови распределени во двете полувремиња. Домашните го имаат вториот најдобар напад во лигата, кој има постигнато два погодока помалку од лидерот Ниреѓихаза. Тоа е гаранција за ефикасен фудбал и барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I&1-3II  (1.95)

- Оглас -

Најнови вести