Спортинг се посрамоти – Се прости од куп-титулата со пораз од третолигаш

Третолигашот Алверка приреди првокласна сензација со победа од 2:0 против Спортинг Лисабон и го елиминираше актуелниот бранител на круната во португалскиот куп уште на стартот од натпреварите.

Алекс и Луан беа стрелци на головите за некогашниот прволигаш Алверка, сега член на третата португалска лига.

За Спортинг, кој има вкупно 17 куп-пехари и е актуелен освојувач на трофејот, не играше Стефан Ристовски.

Нашиот репрезентативец по долг период беше на клупата за резерви, но не доби шанса да игра. По долг период на рехабилитација по повредата, десниот бек за првпат сезонава играше за Македонија против Словенците и со Полска, но сè уште нема настап за Спортинг.

- Оглас -

Најнови вести