Спортисти се жалат дека златните медали од ЛОИ во Токио почнале да им се лупат

Неколку кинески спортисти кои извојуваа победи на Олимписките игри во Токио се жалат дека позлатата на нивните златни медали почнала да се распаѓа.

Шампионката во скокање на трамболина, Џу Ксуејинг, прва го пријави проблемот. Според неа, златниот медал што го освои почнал да се лупи. Потоа уште неколку кинески златни медали го потврдија тоа. Пливачот Ванг Шун, кој победи на 200 метри мешано, и гимнастичарот Зу Џингјуан, исто така пријавија мало одвојување на облогата на наградата.

Од организацискиот комитет на ЛОИ 2020 изјавија дека слојот кој се лупи не е злато, туку специјална филмска заштитна обвивка, па тоа што заштитата се лупи, не значи дека златните медали се со слаб квалитет.

- Оглас -

Најнови вести