Спортска прогноза: Ајнтрахт и Леверкузен во битка за топ 4 и ЛШ

Покрај калчолигашите Лацио и Аталанта, кои викендов ќе ги одмерат силите во дуел кој може да ги одведе во Лигата на шампионите, иста битка се води меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен во Бундеслигата.

Во подобра позиција се „орлите“ од Франкфурт. На три кола до крајот на германскиот шампионат, Ајнтрахт е четврти со 54 бода, додека Леверкузен е две места подолу со 51 бод, исто колку што има и Менхенгладбах. Со евентуален триумф, Ајнтрахт речиси ќе го осигури своето место во топ 4, но тие имаат и втор начин како да дојдат до европската елита. Вчера го одиграа првиот полуфинален меч во Лигата на Европа против Челзи, а доколку се пласираат во финалето и го освојат второто по квалитет континентално натпреварување, ќе им се оствари сонот да играат во ЛШ.

Што се однесува за Леверкузен, тие можат да бидат задоволни што се во горниот дел од табелата и што воопшто се во трка за топ 4 бидејќи имаа многу слаб стар на сезоната. Со подвигот во вториот дел од шампионатот, „фармацевтите“ се многу блиску до учество во Лигата на Европа следната сезона, но целта им е да бидат меѓу најдобрите екипи од Стариот Континент.

Aко се гледаат меѓусебните дуели на Ајнтрахт и Леверкузен во последниве три сезони, „фармацевтите“ бележат пет победи на шест меча, еден триумф е за тимот од Франкфурт, без да се смета овосезонската победа на домашен терен на Ајнтрахт со конечни 2-1 во рамките од 15-тото коло во Бундеслигата.

Претпоследното коло носи многу предизвици, а сега треба и многу да се внимава во трката за наградите бидејќи нема многу шанси за поправен испит.

Наградите што ги доделуваат обложувалниците Sport Life за најдобрите во секое коло се исклучително прималиви, а премијата е „iPhone XS“. За да се подновите со еден од најдобрите мобилни телефони на пазарот, треба да се погодат сите 13 парови. Следна награда е мобилниот телефон „Samsung Galaxy A6 2018“, а единаесетките и десетките ги наградуваме со ваучери од 500, односно 200 денари.

Прогнозирањето е достапно до сабота, може да се одиграат 13 основни двојки на претполедното коло на Спортска прогноза, плус два резервни пара кои се бодуваат во битката за Генерален пласман.

- Оглас -

Најнови вести