Последното коло за 2018 година на Спортска прогноза носи еден интересен меч кој треба да се игра на „Сан Сиро“. Милан го има посакуваното четврто место во Серија А, кое води во Лигата на шампионите за следната година, но последните резултати не се ветувачки. На последните пет средби, „росонерите“ освоија само шест бода, покажувајќи дека се во резултатска криза.
Тренерот Џенаро Гатузо повторно е под притисок дека неговиот тим мора да победи, инаку му се заканува дури и отказ од „Сан Сиро“. Следниот ривал на Милан е Фиорентина, противник кој секогаш знаел да биде многу незгоден. На последните три меча во Милано, домаќините победувале, и тоа прилично лесно.
Милан сезонава пред своите навивачи има пет победи, две ремија и еден пораз, додека Фироентина на гости е еден од тимовите кои нема ниту една радост – пет ремија и три порази само со седум дадени голови.
Освен овој меч меѓу Милан и Фиорентина, има уште 11 двојки на кои треба да го дадете вистинскиот фикс. Во претходните кола имаше неколку 11-ки, но ниту еднаш не се најде јунак кој ќе ги погоди сите 12 мечеви. Освен телефонот, кој следува за перфектно прогнозирање, во секое коло тука се и ваучерите од Sport Life. За 11 погодени натпревари следува ваучер од 1.000 денари, за 10-ка се добива ваучер од 500 денари, додека 200 денари ваучер имаат сите оние со девет погодоци на Спортска прогноза.
По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.