Спортска прогноза: Истекува рокот за прогнозирање, побрзајте!

Четвртото коло на Спортската прогноза почнува во 15.30 часот со натпреварот Хановер – Нирнберг од Бундеслигата, па сите оние прогнозери кои сакаат да добијат шанса за освојување на вредните награди, а не прогнозирале досега, треба да привршат со анализите и да го сторат тоа најдоцна до почетокот на мечот во Хановер.

Се наградуваат најдобрите и во генералниот пласман, па затоа е важна константноста. Колку повеќе сте редовни во прогнозирањето, толку се поголеми шансите да имате повеќе погодоци и да бидете во трка за наградите кои ќе се доделуваат и за најуспешните во генералниот пласман, покрај стандарните награди за секое коло одделно.

Главните награди, iPhone XS (доколку ги погодите сите 13 парови) и Samsung Galaxy A6 (за 12 погодени) уште ги чекаат своите први добитници. Досега немаше 13-ка или 12-ка, можеби овој викенд ќе биде среќен за некој од многуте прогнозери кои типуваа. Тие знаат дека нема што да загубат, а може многу да добијат. За 10 и 11 погодоци, тука се ваучерите од Sport Life во вредност од 200 односно 500 денари.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести