Спортска прогноза: Лидс и уште три тима ги изненадија прогнозерите

Џенова ќе го победи Сасуоло, лисабонското дерби помеѓу Спортинг и Бенфика ќе заврши нерешено, Рома ќе триумфира против Милан, а ПСЖ ќе слави на гостувањето кај Лион. Ова е исходот кој за денеска го посакуваат најголем дел од прогнозерите кои учествуваа во третото коло на Спортската прогноза за Спорт Манија.

„Кецот“ на Џенова во обложувалниците Sport Life е со квота 2.55, за Рома е 2.35, триумф на ПСЖ е со коефициент 1,83, а нерешено за лисабонското дерби е 3.20. сите четири квоти се примамливи и кога би ги одиграле на едно ливче, се доаѓа со сосема пристојна квота која со нешто поголема уплата, може да донесе и одлична добивка.

Во понудата на Спортската прогноза беа осум саботни мечеви, и никој од прогнозерите кои ги имаше во голем број, не успеа да ги погоди сите осум. Тројца погодија по шест од тие осум исходи, а 16 прогнозери засега имаат „петка“ и ќе чекаат да ги подобар сите останати до крајот, за да земат награда.

Најголемо изненадување за прогнозерите беше поразот на Лидс на домашен терен од Норвич. Само 46 прогнозери, или 7,43 проценти, прогнозираа двојка. Но, „обратно“ излегоа и други парови. Најмногу типувачи веруваа во победи на Лидс, Херта, Евертон и Олимпик Марсеј, но сите тие екипи загубија.

Можеби денеска и утре ќе биде подобро, па сепак ќе има добитници на ваучери од 500 или 200 денари, додека за доделување на главните награди (iPhone XS за 13-ка и Samsung Galaxy A6 за 12-ка), ќе треба да се почека до некоја наредна прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести