Спортска прогноза: Мадридското дерби решава кој ќе биде предизвикувач на Барса

Дуелот помеѓу Атлетико и Реал Мадрид кој се игра утре од, 16.15 часот е најинтересниот од петте саботни меча кои се наоѓаат во понудените 13 парови од новото, четврто коло на Спортската прогноза.

Прогнозирањето ќе биде достапно до почетокот на првиот дуел од понудата, а тоа е сабота, 15.30 часот. Повторно има интересни дерби-пресметки, а најголем акцент се става на градското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, како и на неделниот дуел на „Етихад“ помеѓу Манчестер сити и Челзи. Со малку повеќе среќа и знаење, може да се дојде до големи награди.

Време за типување има доволно, само треба добро да се анализираат и да се погодат понудените двојки во добропознатата „Спортска прогноза“ на Спорт Манија.

Што се однесува до пресметката на „Ванда Метрополитано“, Атлетико има два бода предност во однос на гостите кои се во добра форма и со победа би ја преземале втората позиција. Ниту според традицијата не може да се каже кој е фаворит. „Јорганџиите“ само еднаш играле со Реал на „Ванда“ и средбата заврши 0-0. Атлтико во лигашки меч, на свој терен против Реал последен пат славеше во 2015. Последните четири мечеви на овие тимови завршија нерешено, за радост на Барселона. Каталонците и сега би сакале да нема победник, бидејќи така ќе имаат помалку притисок и нема никој да им дише во врат.

Кај Реал, повреден е Љоренте, додека кај Атлетико веројатно ќе ги нема Савиќ и Диего Коста, но деби пред навивачите на Атлетико во црвено-белиот дрес ќе има Мората. Фановите не го сакаат многу бидејќи е дете на Реал, но ако даде гол во градското дерби, тоа сигурно нема да им пречи и ќе го слават.

Првата награда за секое коло е прекрасниот мобилен телефон iPhone XS, а за да го имате во колекцијата, треба да ги погодите сите 13 двојки. Со 12 погодени парови следува уште една многу вредна награда, мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018.

Во секое коло има и ваучери за погодени 11 и 10 парови, а со континуирано учество ќе останете во игра за првите пет позиции во Генерален пласман на популарната 13-ка, кои исто така носат вредни награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести