Дека со играње на Спортска прогноза може да се стигне до вредни награди, беше потврдено и во минатото коло. Влатко Михајловски успеа да погоди 12 од понудените 13 меча и на тој начин стана добитник на мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018. Тој е вториот кому ова му успеа, откако „мразот го скрши“ Игор Данилов од Струмица.
На понудата за следното коло има многу интересни мечеви. Како подготовка за дуелот против Ајакс во Лигата на шампионите, Јувентус ќе игра дерби против Милан. „Старата дама“ сигурно ќе го одбрани тронот во Серија А, а гигантот од Торино покажува дека е пресилен за противниците дури и кога во составот нема неколку стандардни првотимци.
Освен дербито во Торино, секогаш предизвик е да се погоди и конечниот фикс на дербито меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Ова може да биде и меч што ќе ја одлучи титулата во Примера дивисион.
На Спортска прогноза има понуда од 13 средби, а за погодена „Среќна 13-ка“ следува подарок мобилен телефон iPhone XS. Еден утнат пар ве носи до мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018. И со 11 и 10 погодоци имате награда, и тоа ваучери од Sport life обложувалници во вредност од 500 и 200 денари.
Прогнозирајте за да добиете.
Освен тековните награди за секое коло, следуваат подароци и за најдобрите во целиот циклус на Спортска прогноза, односно за најдобрите во Генералниот пласман.