Аталанта го пречекува Милан во утрешното вечерно дерби на италијанскиата Серија А и тоа е еден од 13-те меча во понудата на новото коло на Спортска прогноза.
Милан е четврти на табелата, само со еден бод повеќе од петтата Аталанта, па ова е дуел и за место кое води на европската сцена. И домашните и гостите се во добра форма. Аталанта нема загубено од 22-ри декември, а и Милан истиот ден загуби за последен пат во еден меч од првенството. Дали на некој од тимовите ќе му заврши позитивната серија или сепак ќе одиграат нерешено и ќе ја продолжат низата без пораз?
И традицијата оди кон тоа дека може да биде нерешено. Четири од последните пет меѓусебни меча завршија без победник, при последните две гостувања на Милан во Бергамо резултатот беше 1-1.
„Росонерите“ имаат проблеми околу составот, имаат неколку повредени играчи, но здрав е Пјонтек, големото засилување за нападот. Кај Аталанта нема повредени и комплетна ќе ги нападне соседите.
Покрај овој меч во Бергамо, на понудата на Спортска прогноза има уште 12 двојки на кои треба да го погодите „фиксот“ ако сакате да стигнете до „Среќна 13-ка“ и да го освоите мобилниот телефон iPhone XS. Освен iPhone XS, се доделува и Samsung Galaxy A6 за оној кој ќе има 12 погодени меча. Таква среќа во минатото коло имаше Игор од Струмица.
Освен мобилните телефони, може да освоите и вредносни ваучери од спортските обложувалници на Sport Life. Немојте да пропуштите ниту едно коло бидејќи на тој начин ја губите шансата за трката во Генералниот пласман, каде што исто така се добиваат вредни награди.
Затоа веднаш прогнозирајте, и тоа бесплатно, и бидете дел од оние кои може да добијат вредни подароци.