Во најновото коло на Спортска прогноза, од вкупно 13+2 парови, меѓу потешките за прогнозирање ќе бидат дербијата во Англија меѓу Манчестер јунајтед и Челзи и во Италија меѓу Интер и Јувентус.
За спектаклот на „Олд Трафорд“ ќе треба детална анализа и доста размислување пред да се стави конечната прогноза. Не се работи само за три бода или пак победа над ривал, Јунајтед и Челзи водат битка за местата кои водат во Лигата на шампионите, а како што се наближува крајот на сезоната, така сè поголем е притисокот и кај двете екипи.
„Црвените ѓаволи“ и денес играат дерби, и тоа градско против шампионот Манчестер сити, па со евентуална победа ќе направат подвиг на табелата и ќе застанат точно пред екипата од Лондон, а би имале еднаков број бодови (67). При вакво сценарио, борбата од третото до шестото место ќе биде уште погуста.
Што се однесува за самиот меч меѓу Јунајтед и Челзи, тешко е да се предвиди кој е фаворит, но предност за нијанса ќе има екипата на Оле Гунар Солскјер поради домашниот терен. „Сините“ секако ќе бидат под притисок, бидејќи шест години не оствариле триумф на „Олд Трафорд“. Последен пат Челзи како гостин славеше на 5 мај 2013 година со минимални 1-0, а тогаш ги предводеше Жозе Мурињо.
Оваа сезона се пресметаа во два наврати, а и двата дуели се одиграа на „Стемфорд бриџ“. Во рамките на Премиер лигата средбата заврши без победник, 2-2, додека во ФА купот Јунајтед беше подобар со 2-0.
Вкупно во 182 меѓусебни дуели, подобар биланс има екипата од Манчестер, 78 победи се за неа, Челзи се радувал 54 пати, додека 50 меча завршиле без победник.
Наградите се привлечни, главната е „iPhone XS“, а тука е и мобилниот телефон „Samsung Galaxy A6 2018“. Има и ваучери од 500 и од 200 денари што ги доделуваат обложувалниците Sport Life. Новото издание на Спортската прогноза со 13 интересни двојки и две резервни e веќе достапно, а со редовно прогнозирање земате учество и во играта за Генерален пласман.