Спортска прогноза: Не е дерби, но Евертон и Челзи ќе играат по 160-ти пат

Покрај двете дербија во Италија и Русија, се игра интересна пресметка во Премиер лигата меѓу Евертон и Челзи. Овие две екипи ќе се сретнат по 160-ти пат во првенствен меч, а „сините“ како гости на „Гудисон парк“ немаат добар биланс во однос на екипата која ја води Марко Силва.

Од вкупно 79 гостувања, Челзи победил само на 18 меча, 38 пати останале со празни раце, додека на 23 натпревари се случила поделба на бодовите. Но, тоа не значи дека Евертон ќе стапи како фаворит на оваа средба, напротив, „карамелите“ последната првенствена победа на домашен терен против Челзи ја остварија во септември 2015 година, факт кој може да им врши притисок повторно да потфрлат. Не се ниту во добра форма, Евертон има само еден триумф на последните пет натпревари во Премиер лигата, со три порази и едно реми.

Челзи, пак, оствари две победи против градските ривали Тотенхем и Фулам, додека „волците“ им направија големи проблеми минатиот викенд, на средбата која на „Стемфрод бриџ“ заврши со 1-1. Сепак, убедливите резултати во ЛЕ против Динамо Киев (3-0, 0-5) треба да бидат мотив за фудбалерите на Мауирисио Сари да го направи последниот притисок во обидот да стигнат до четвртата позиција на табелата, за да се осигури учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Треба да се земе предвид и дека последните два меча од лигата меѓу овие две екипи завршија без голови, додека пред тие две средби Челзи победуваше со 2-0, 3-0 и 5-0.

Мобилните телефони iPhone XS и Samsung Galaxy A6 се главните мотиви да ја играте Спортската прогноза на Спорт Манија. „Среќна 13-ка“ носи  iPhone XS, а со еден утнат меч може да се освои Samsung Galaxy A6. Вредносни ваучери од Sport Life се добиваат за 11 и 10 погодени мечеви.

Освен наградите за тековното коло, причина за да не се пропушти прогнозирање ниту еден викенд се наградите коишто се доделуваат во Генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести