Спортска прогноза: Спартак може да го направи интересно руското првенство

Дербито во рускиот шампионат помеѓу Спартак Москва и Зенит Санкт Петербург ја збогатува разновидната понуда од натпревари во новото коло на Спортската прогноза.

Ова е еден од ретките мечеви од руската лига кои можевте да ги прогнозирате досега и имате бесплатна можност да си ги испробате среќата и знаењето.

Зенит е лидер на руската Премиер лига со 40 бода од 19 кола и има пет бода плус во однос на вториот Краснодар. Спартак има 32 бода и се наоѓа на четвртата позиција. Во ова коло има уште едно дерби, Локомотив Москва се среќава со Краснодар, па можни се рокади на првите 4-5 позиции на табелата.

Откако почна пролетниот дел од сезоната, Спартак во две кола собра четири бода, а и двата меча беа со 0-2 гола. Зенит победи двапати, но имаше и полесни мечеви. Зенит шест и пол години нема победа на гостување кај Спартак, а поминаа речиси девет години откако било неефикасно во меѓусебните дуели во Москва, без двата тима да дадат гол.

Мобилните телефони iPhone XS и Samsung Galaxy A6 се главните мотиви да ја играте Спортската прогноза на Спорт Манија. „Среќна 13-ка“ носи  iPhone XS, а со еден утнат меч може да се освои Samsung Galaxy A6. Вредносни ваучери од Sport Life се добиваат за 11 и 10 погодени мечеви.

Освен наградите за тековното коло, причина за да не се пропушти прогнозирање ниту еден викенд се наградите коишто се доделуваат во Генералниот пласман.

Можете да прогнозирате до почетокот на првиот меч од ова коло, а тоа е сабота, во 13.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести