Спортската прогноза ѝ донесе Смарт ТВ, сега ќе го покаже типстерското знаење во добротворната акција на Sport Life

Вања Арсова од Кратово беше најдобрата прогнозерка во третата сезона на Спортска прогноза, бесплатната игра на Sport Life и Спортманија, за што си доби подарок Смарт Тв од 48 инчи, па сега добива шанса да го покаже своето типстерско знаење и во добротворни цели. Овојпат направивме исклучок, па наместо познати наши спортисти, добротворниот тикет го состави најдобрата прогнозерка на Sport Life.

Вања како редовен клиент на најдобрата обложувалница во Македонија првпат сезонава се приклучи на Спортската прогноза и веднаш се покажа како врвна типстерка во Генералниот пласман. Во типстерската кариера најголема добивка ѝ била 30.000 денари, што е знак дека има добитен рецепт за составување ливче, а ќе видиме какви ќе бидат нејзините прогнози за претстојниот викенд во кој вниманието е насочено кон финалето во Лигата на шампионите.

„Често уплаќам тикети, нормално ги користам коефициентите на Sport Life, каде што досега најголема добивка ми е 30 илјади денари. Како што ми беше прво учество на Спортската прогноза, така и сега првпат сум дел од хуманитарна акција, па би било добро уште еднаш да креирам добитна комбинација која може да се искористи на вистински начин“, вели Вања.

Точно навреме стигна нејзиниот подарок преку кој ќе може да го проследи дуелот меѓу Манчестер сити и Челзи, за кој Вања вели дека Граѓаните на Пеп Гвардиола ќе ја освојат европската титула. Нејзниот нов мал екран, во овој случај прилично голем со 48 инчи размер, убаво ќе биде искористен и за навивање за Македонија која првпат во историјата ќе заигра на Европското првенство.

Вања е фан на Реал Мадрид, па можеби затоа прогнозира победа на Манчестер сити против Челзи, бидејќи нејзините Кралеви беа елиминирани токму од лондонскиот тим на патот до големото финале.

„Најчесто го следам омилениот тим Реал Мадрид. Впрочем, на нив најмногу се потпрев во прогнозирањето на Спортска прогноза преку кои собрав најмногу поени. Би сакала Манчестер сити да биде нов шампион, кога веќе не може да биде мојата омилена екипа“, истакна најдобрата прогнозерка.

Добротворниот тикет составен од фудбалски натпревари кои ќе се играат викендов, почнува токму со тип во корист на Граѓаните во битката за европската титула, а потенцијалната добивка е 32.512 денари.

- Оглас -

Најнови вести