Најдобрата прогнозерка на Спортска прогноза се поднови со Смарт ТВ!

Вања Арсова од Кратово е победничката во Генералниот пласман од третата сезона на Спортската прогноза на Sport Life и Спортманија. Вања во 36-те кола освои вкупно 245 бодови, а до победата дојде благодарение на седумте погодоци во последното коло.

Вања како најдобра прогнозерка си се поднови со Смарт телевизор од 48 инчи, додека второто место на Зоран Н. му носи 500.000 СЛ маркет поени, третиот Перо К. доби 400.000 поени, на четврто место е Андреа А. и за 300.000 поени, а петтопласираниот Роберт М. добива 200.000 поени.

Освојувањето на Смарт ТВ доаѓа во најдобар можен момент за Вања, на нов екран ќе може да го проследи финалето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Челзи, кое е предвидено за сабота навечер.

ПРВПАТ СЕЗОНАВА СЕ ПРИКЛУЧИ НА БЕСПЛАТНАТА ИГРА, А ЦЕЛТА Ѝ БИЛЕ ЕДНО ОД ТОП 5 МЕСТАТА

Вања ги пропушти претходните две сезони, а за Спортската прогноза дозна преку социјалните мрежи, поточно преку официјалната бев-страница на Sport Life на „Фејсбук“. Така решила да си ја проба среќата, а нејзината цел била да се пробие до едно од првите пет места, но се испостави дека од повеќе од 1.900 редовни прогнозери, таа е најдобрата во третата сезона.

„За Спортска прогноза разбрав преку „Фејсбук“, по што решив да си го покажам своето знаење. Оваа сезона ми беше прво учество, редовно играв и се надевав дека до крајот ќе успеам да стигнам до топ 5 местата“, ни откри Вања.

ЗА УСПЕХ НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА НЕ Е ПОТРЕБНА ПОСЕБНА ТАКТИКА, ТУКУ МАЛКУ СРЕЌА

Колото број 28 за Вања се покажа како најсупешно со 10 погодени парови од вкупно 13, додека во текот на целата сезона најчесто се потпирала на фаворитите. Вели дека за паровите кои биле најнеизвесни, ги прогнозирала на среќа, што се покажа како победнички рецепт.

„Најчесто се потпирав на фаворитите, но имаше и парови кои ги погодив со мала доза на среќа, како што на секој му е потребна. Реал Мадрид, мојот омилен тим, ми донесе најмногу поени, додека 28-то коло ми беше најуспешно со 10 погодени од можни 13 парови“, додаде Вања.

Учеството на Спортска прогноза е прво за Вања воопшто од сите можни игри кои ги нуди Sport Life, и веднаш покажа дека е вистинска љубителка, но и владетелка на најпопуларниот спорт во светот. Тоа е доволна порака за останатите кои сè уште се двоумат дали треба да си ја пробаат среќата во понудите на најдобрата обложувалница во Македонија.

Спортската прогноза на Спортманија и Sport Life се враќа наесен, за кога е предвиден стартот на четвртата сезона во која се очекува уште поголем број на учесници, но и нови подароци.

- Оглас -

Најнови вести