Спортската прогноза во новата година тргнува со утрешната италијанска класика од 15 часот

Новото, 19-то коло од Спортска прогноза, кое е прво во новата 2022 година, ќе стартува утре од 15:00 часот, и тоа со италијанската класика меѓу Сампдорија и Торино, тимови кои во минатото имаат големи успеси низ својата историја.

Тимот од Џенова е домаќин, а според прогнозерите, односно 54,72%, токму тие и се фаворити. Во нерешено веруваат 31,70 отсто, додека за успех на гостите сметаат само 13,57 отсто.

Само половина час подоцна се играат натпреварите од стандарниот бундеслигашки термин, а во ова коло ние имаме две средби.

Волфсбург ќе се соочи со Херта и дури 86,21 отсто од играчите се уверени во домашен успех, реми, пак, очекуваат 9,66 отсто, додека за изненадување на Херта се само 4,13%.

Втората средба е меѓу Унион Берлин и Хофенхајм, а таму, пак, грото од играчите се за нерешен исход (44.41%).

Утре имаме и еден натпревар од шпанскиот Кралски куп, каде што ќе го важиме резултатот само по првите 90 минути на средбата меѓу Бетис и Севилја, каде што во ова градско дерби „најгласни“ се тие за да биде нерешено (44,41%), додека веднаш зад нив следувваат тие што веруваат во успех на гостите (43,43%).

Како што е добро познато, играчот што ќе успее да ги погоди сите 13 натпревари, ќе го добие прекрасниот „ајфон 12“, додека тие со еден промашен пар ќе имаат ваучер од 1.000, а со два промашени парови следува ваучер од 500 денари.

Играта е бесплатна, а единствено што треба да направите е да имате Sport Life картичка која доколку ја немате, можете да ја подигнете во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести