Срамен потег на германскиот селектор, бараше од Трап да глуми дека е повреден (Видео)

Германската фудбалска репрезентација е во резултатска криза, а за половина година на домашен терен треба да игра на Европско првенство, на кое имаат големи амбиции.

Очигледно е дека работите не одат како што треба со селекторот Јулијан Нагелсман, а тој синоќа на пријателскиот меч против Австрија покажа дека ферплејот му е послаба страна.

При резултат 1-0 за Австрија, Нагелсман му сигнализираше на голманот Кевин Трап да лежи на тревата и да глуми дека е повреден за да има време за „тајмаут“ и на другите играчи да им даде совети.

Инструкциите на Нагелсман не помогнаа, Австрија даде уште еден гол и победи 2-0.

- Оглас -

Најнови вести