Србија ја разби Грузија за пласман на Евробаскетот, таму ќе играат и Финците

Србите и Финците и се приклучија на Грузија на Евробаскетот што ќе се игра идната година, а од Е групата испадна само Швајцарија, која нема да игра на континенталниот собир на кошарката во 2022 година.

Србите ја разбија Грузија со 92:66 во меч што им значеше пласман на ЕП идната година и успеаја да го обезбедат со убедлив триумф против лидерот во Б групата и еден од домаќините на Евробаскетот.

Гостите ги добија сите четири четвртини за убедлив триумф од 26 поени разлика. Ги предводеше одличниот Петрушев со 27 поени, а одлична поддршка имаше и од Анѓушиќ кој постигна 22 поени, како тандем најефикасни играчи на мечот во Тбилиси.

До крајот има уште едно коло, но познато е дека и Финска ќе игра на европското првенство, без разлика на исходот на последниот меч што ќе го играат против Грузија на гости.

Пласманот им го донесе денешната победа против Швајцарија со 92:84, втора против нивниот главен конкурент за место на Евробаскетот.

Кошаркарот на Реџо Емилија, Петри Копонен со 21 поен ги предводеше Финците до клучната победа, а одлично одигра и Едон Максуни со учинок од 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести