28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Србија е неверојатно моќна, ја растури Словенија на Дончиќ со 34 поени разлика

Пријателскиот меч помеѓу Србија и Словенија кој се одигра вечерва во белградската Арена, покажа зошто нашите соседи се сметаат за главни фаворити за титулата на претстојното Европско првенство.

Србите ја разбија Словенија со 106-72, имаат тим во кој не знаеш од кого попрво да се чуваш и ако ја задржат формата, тешко дека некој може да ги запре.

Лука Дончиќ и другарите беа немоќни да се одбранат од Јовиќ, Јокиќ, Богдановиќ, Милутинов, Вукчевиќ, Мициќ, па Србија водеше со дури 35 поени разлика по завршувањето на третата четвртина.

- Оглас -

Најнови вести