Србија ја доби драмата против Словенија, Шпанија за гол подобра од Црна Гора

Репрезентацијата на Србија се пласираше во главната групна фаза од Светското ракометно првенство за жени откако во дректен дуел славеше против Словенија со 29:27 во последното, петто коло од групата А.

Србинките беа фаворитки пред мечот, но Словенија одлично започна и поведе со 5:0. Сепак, ракометарките на Србија брзо се созедоа и почнаа да ја топат предноста на противникот, а на крајот од првото полувреме стигнаа и до првата предност 12:11. Во вториот дел продолжи неизвесноста. Двете селекции се менуваа во водство, а во финишот се влезе со 27:27. Кристина Лишчевиќ погоди двапати во последната минута за победа на Орлите, а елиминација на Словенија.

Во директен дуел за првото место, Шпанија во неизвесна завршница ја победи Црна Гора со 27:26 и Црвената фурија остана перфектна.

Во останатите денешни мечеви: Бразил – Австралија 31:9, Јапонија – Кина 35:18, Сенегал – Казакстан 30:20, Ангола – Куба 40:30, Аргентина – ДР Конго 25:16, Германија – Јужна Киреја 27:27, Романија – Унгарија 28:27, Франција – Данска 18:20, Холандија – Норвешка 30:28, Русија – Шведска 30:22.

Во главанат групна фаза на СП поминаа најдобропласираните три селекции од сите четири групи.

Во групата А ќе играат: Холандија, Јужна Кореја, Норвешка, Германија, Србија и Данска.

Во групата Б ќе играат: Шпанија, Русија, Црна Гора, Шведска, Романија, Јапонија.

Холандија и Шпанија прекесуваат по максимални 4 бода, додека Црна Гора и Норвешка веќе имаат по 2 бода во новата група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести