По неочекуваната победа над фаворизираната Германија, селекцијата на Србија има адут да оди во следната фаза. Во последното трето коло игра против Австрија и со триумф со што е можно поголема разлика, сигурно останува во игра на континенталниот собир и ќе биде дел од главната фаза.
Австрија загуби во првите две кола и нема никаква шанса да оди понатаму, а оваа селекција нареди и четири порази во сите четири контролни меча пред стартот на ЕП. Едноставно сите коцки на Србија се пред нејзе и само треба да ги склопи правилно.
Србија да победи со 4, 5 или 6 гола е со квота од 4.50, а да влезе Србија во ритам и да забележи двоцифрена победа е со квота од дури 15.

Меч по кој еден од фаворитите може да си оди дома. Германија киксираше против Србија и сега ќе брка триумф над Шпанија која е со максимални четири гола. Ако се случи Србија, Германија и Шпанија да имаат ист број на бодови, ќе решава гол-разликата.


