Србија остана со кошаркар помалку, Симаниќ бил итно опериран во Манила

Кошаркарската репрезентација на Србија до крајот на Светското првенство ќе мора да игра со еден играч помалку бидејќи Бориша Симаниќ бил итно опериран.

Тој на дуелот од третото коло во првата фаза против Јужен Судан добил силен удар, поради кој морал итно да ја напушти играта, а по лекарските прегледи направени во болница во Манила, бил итно опериран.

„По натпреварот со Јужен Судан, репрезентативецот Бориша Симаниќ поради повреда го заврши настапот на СП. Симаниќ во еден дуел под кошот на Србија доби силен удар со лакот во пределот на бубрезите. По прегледување на видеоснимката, проценката на судиите беше дека немало намера, но Симаниќ не можеше да го продолжи натпреварот. Тој веднаш беше упатен на ургентното одделение во болница во Манила, каде што е задржан на испитување, а потоа во текот на ноќта, под надзор на лекарот на српската репрезентација е опериран. Тој се чувствува добро, бубрегот и неговите функции се зачувани, но Бориша го заврши настапот на СП“, стои во соопштението на Кошаркарската федерација на Србија.

Србија првата фаза ја заврши со три победи и во втората групна фаза ќе игра против Италија и Доминиканска Република.

- Оглас -

Најнови вести