Србин како Суарез: со рака спречи гол во 90-та минута, доби црвен картон, а пеналот не беше реализиран (Видео)

Екипата на Чукарички славеше со 2-1 на гостувањето кај Нови Пазар во српската Суперлига, а вистинска драма која потсети на четвртфиналето од Светското првенство 2010 година, се одвиваше во судиското продолжение.

После корнер на домашните, топката одеше кон голот, а Срѓан Мијаиловиќ играше со рака и не дозволи топката да ја мине гол-линијата. Мијаиловиќ беше исклучен, но ризикот му се исплатеше. Домашниот играч Стефан Лончар не го реализираше пеналот за изедначување, па Чукарички ги освои трите бода.

Ова ги потсети љубителите на фудбалот на ситуацијата од СП 2010, кога Луис Суарез со рака спречи гол за победа на Гана при 1-1 во 90-та минута. Уругвајската ѕвезда доби црвен картон, но Асамоа Гијан го утна пеналот. Подоцна се шутираа пенали, во кои Уругвај беше подобар и се пласираше во полуфинале, па Суарез беше и јунак што спречи за првпат една африканска селекција да игра полуфинале на Мундијал.

Погледнете што се случуваше во финишот во Нови Пазар, пеналот е пред крајот на видеото:

- Оглас -

Најнови вести