Србин ќе застане на голот на Наполи

Голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, од следната сезона нема да ги брани боите на Биковите туку ќе настапува за новиот италијански шампион Наполи.

Според извештаите на италијанските медиуми, трансферот е договорен за сума од 18 милиони евра, со што српскиот репрезентативец ќе стане новото засилување на тимот предводен од Антонио Конте.

Овој потег се смета за важен дел од реконструкцијата на Наполи, кој сака и следната сезона да биде конкурентен во борбата за трофеите.


Милинковиќ-Савиќ ќе има задача да ја зацврсти дефанзивната линија на клубот од „Диего Армандо Марадона“, со оглед на тоа дека Конте е познат како стратег кој бара беспрекорна дефанзива.

- Оглас -

Најнови вести