Србин пред 45 години играл фудбал за Англија, а сега е првак во теквондо

Мајк Пејиќ има 69 години, тој е поранешен фудбалер, има англиски пасош и српски корени, и сега стана европски шампион во теквондо за ветерени, иако пред 40-тина години играше фудбал и стигна дури до репрезентацијата.

Пејиќ играше за Стоук, Евертон и Астон вила, а во 1974 година имал дури и четири настапи за „Гордиот Албион“, но поради повреда, на 29 години ја прекинал кариерата како фудбалер и 20 години подоцна почнал да се занимава со боречкиот спорт теквондо. Постарите кои го паметат како фудбалер, велат дека бил познат по меракот по грубата игра и бил дефанзивец од кој се плашеле сите.

Таткото на Мајк бил рудар од селото Вргудинац во Србија, но одамна се преселил во Честертон на северот на Англија. Како репрезентативец на Англија, Мајк имал и едно гостување во Југославија, но не влегол во игра.

Сега Пејиќ на европскиот шампионат во теквондо за борци над 65 години, кое се одржа во Турција, го освои златниот медал, победувајќи неколку фаворити. Така, после пет титули првак на Велика Британија за ветерани, и сребро од СП, се закити со европско злато.

- Оглас -

Најнови вести