Кошаркарската репрезентација на Србија стигна до втората победа во групата Ц, совладувајќи го Јужен Судан со 96-85. Со тоа избраниците на Светислав Пешиќ се зацврстија на второто место на табелата, веднаш зад Дрим тимот на САД. Ова значи и дека ќе играат против Австралија во четвртфиналето на кошаркарскиот олимписки турнир.
Србите постепено го кршеа отпорот на Јужен Судан, првиот период го добија минимално, со 23-22, а на одмор замина со три поени предност (47-44).
После третата четвртина Србија имаше водство од пет поени, а потоа додаде гас, обезбеди двоцифрена предност и рутински го заврши мечот.
Никола Јокиќ (22 поени, 13 скока), Богдан Богдановиќ (30 поени) и Василие Мициќ (13 поени) беа носители на овој триумф на Србија.