Србите не примија гол од Халанд, засега драма во Осло (Видео)

Унгарија ја победи Бугарија и ќе игра со Исланд, кој беше подобар од Романија во едно од финалињата на баражите кои водат на Европско првенство во фудбал. На мечевите БиХ – Северна Ирска, Словачка – Република Ирска, Норвешка – Србија и Шкотска – Израел се играат продолженија кои треба да ги одредат патниците во другите две финалиња.

Македонија во четвртото финале ќе гостува кај Грузија.

Многу интересно е во Осло, каде што Норвешка и Србија по 90 минути одиграа 1-1. Србите откако утнаа неколку 100-отстони шанси, конечно поведоа во 82-рата минута, со дебитантскиот репрезентативен гол на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој влезе во игра само две минути порано. Норвежаните очекуваа гол(ови) од ѕвездата Ерлинг Халанд, но тој не погоди, туку од пораз ги спаси Норман со убав гол во 88-мата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=RyS5cOXnB8U

- Оглас -

Најнови вести