Сребро на Балканско првенство: Дарио Ивановски прв Македонец кој истрчал 5 километри за помалку од 14 минути!

Дарио Ивановски освои второ место на 5.000 метри на 75-тото Балканско сениорско првенство во атлетика, кое се одржува во романскиот град Крајова. Дарио постави македонски рекорд од 13 минути 56 секунди и 59 стотинки, и стана прв Македонец кој на трка на 5.000 метри има резултат под 14 минути.

Ова е вкупно деветти медал на Дарио од балканските првенства (две злата, четири сребра и три бронзи).

Освен Ивановски, Македонија на Балканијадата ја претставуваат уште Дрита Ислами, Јован Стојоски, Адријана Поп Арсова, Леонид Вандески, Андреас Трајковски и тренерите Димитар Петровски и Дејан Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести