Среќа до небо: До 91-вата минута беше 0:0, а потоа двете екипи дадоа гол за добивка од 271.000 денари!

Дека храбрите ги прати среќата, се докажа уште еднаш, а тоа го искористи обложувач на Sport Life во Тетово, кој на уплатено ливче за 2.000 денари успеал да заработи дури 271.162 денари. На тикетот со седум меча, посебно драматичен е последниот ставен на листата.

ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ, САМО ТРЕБА ДА СЕ ВЕРУВА ВО НИВ

Играа Бран и Мјондален, а комбинацијата било 1Х&ГГ, односно домаќините да не загубат, а двата тима да постигнат гол. Се играше 91-вата минута, a на семафорот стоеше резултатот 0:0. Кога сите мислеа дека нема да има ниту погодоци, ниту возбудувања на овој меч, се случи чудо.

Во 90+2 минута гостите погодија за 0:1, а потоа следуваше нова драма. Судијата дозволи да се игра и шестата минута од судиското надополнување, а тоа го искористија домашните играчи и со погодок во 90+6 стигнаа до 1:1. Токму тоа беше резултатот што му требаше на обложувачот од Тетово.

Од останатите мечеви кои ги одигра, три му се на конечен фикс „кец“ и сите три завршија со резултат 1:0. Хафнарфјордур даде гол во 78-мата минута за радост против Филкир, а Минесота дури во 81-вата минута го скрши отпорот на Сиетл. Во првенството на Венецуела, Метрополитанос со гол во првото полувреме беше подобар од Лала.

Акурејри без многу проблеми со 2:0 славеше над Копавогур за 1&2-5, а Кристијансунд со 2:0 беше подобар од Сандефјорд во Норвешка. Гостите си дадоа автогол во 89-тата минута за да биде добитна комбинацијата 1&2-5. На тикетот добитен е и мечот Тромзо – Розенборг. Гостите победија со 3:1, а условот беше Розенборг да не загуби и да има 2-5 гола на мечот.

ЗА 45 МИНУТИ СО ИГРА „ВО ЖИВО“, СИ ДОБИ НАД 100.000 ДЕНАРИ, А ИМАШЕ И ОДЛИЧЕН БОНУС

Обложувачите кои чекаат да започне мечот, а потоа „во живо“ да уплатат треба да го видат овој тикет на играч во Sport Life од Струга. Уплатен е во 19:02 часот на мечеви кои започнале од 17:30 часот и 18 часот. Веќе во 19:47 часот обложувачот за вложени 2000 денари, си заработи 101.796 денари. На тикетите кои се уплатени во живо има и бонус, а овој пат тој бонус изнесуваше 9.072 денари.

На тикетот има шест меча од првенствата во Финска и Норвешка, а е одиграно на голови. Гетеборг со 3:2 славеше над Мјалби, додека Розенборг со 3:1 победи кај Тромзо, па двата меча се над 3,5 гола.

Три меча на тикетот „во живо“ се одиграни дека на крајот на средбите ќе има над 1,5 погодоци. Хаугесунд со 3:1 ја победи Валеренга, а сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. Два гола имаше и на Кристијансунд – Сандефјорд (2:0), додека Гнистан со истиот резултат беше подобар од ВПС.

На мечот од третата финска лига меѓу СЈК Акатемија и ЈБК типот било дека домаќините ќе дадат осми погодок, а тоа се случи во 87-мата минута. На крајот домаќините победија со убедливи 8:1.

ЕДНОСТАВНО Е, ГОЛОВИ ДА ИМА ВО ДВЕТЕ ПОЛУВРЕМИЊА

Третиот добитен тикет од вчера со исплата од 100.961 денар е со уплата од 650 денари. На овој тикет има вкупно осум меча, а играта е едноставна, а тоа е да има погодоци во двете полувремиња. Пет средби се одиграни 1-3I & 1-3 II, додека три средби се одиграни 1-2 I& 1-2 II.

На овој тикет најдраматично беше на дуелот од Суперкупот на Полска, кога Легија со гол во 93-тата минута израмни на 1:1 и го исполни условот да има гол во двете полувремиња, откако претходно Раков поведе со погодок во првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести