Среќа имаше Мик Шумахер, мина без повреди, болидот е комплетно уништен (Видео+Фото)

Трката за Големата награда на Монако повторно е прекината, сега поради инцидентот на Мик Шумахер, кој се заби во заштитната ограда и за среќа мина без повреди.

Синот на легендарниот шампион, Михаел Шумахер се изврте комплетно со болидот на влажната патека и заврши со силен удар во заштитната ограда.

Шумахер очекувано не ја продолжи трката, која има контроверзен тек и беше пролонгирана за повеќе од еден час поради пороен дожд во Монако.

Сепак по долго чекање пилотите возат на легендарната градска патека во Монте Карло.

- Оглас -

Најнови вести